ФК Пехчево е гордоста на Малешевијата. Основан како ФК Кит-Го под кое име вистински се промовираше на македонската фудбалска сцена, нашиот клуб е резултат на една беспрекорно прецизна идеја за вистинско заживување на спортот во Пехчево. За само неколку години ФК Кит-Го се вивна високо во професионалниот фудбал во Македонија профилирајќи се како еден од најдобрите оваа година на вторoлигашката сцена. Од 2022 година ФК Кит-Го го промени своето име во ФК Пехчево.