Трпчевски од Кавадарци главен судија на мечот со Кожуф

Стојанче Трпчевски од Кавадарци ќе биде главен судија на натпреварот од 11. коло во Втората лига - Исток меѓу Кожуф и Кит Го во Гевгелија кој се игра утре (2. ноември) со почеток од 13:30 часот.

Асистенти на мечот ќе бидат Драган Трпчевски и Тоше Ицев, исто така од Кавадарци, а четврти судија - Сашко Ристов од Струмица. Делегат на натпреварот ќе биде Тони Донев од Валандово а контролор - Љупчо Мојсоски од Струга.