ФК Кит Го во иднина како ФК Пехчево во Втората лига - Исток

Фудбалскиот клуб Кит Го, со одлука на раководството на клубот го менува своето име, и во иднина од престојната пролетна сезона во Втората лига - Исток ќе се натпреварува како ФК Пехчево.

Согласно одлуката на раководството, а во договор и со Општина Пехчево, во иднина клубот кој изминативе години е вистински фудбалски бисер на Малешевијата го враќа своето старо име - ФК Пехчево, под кое се натпреваруваше во минатото.

Одлуката за промена на името е потврдено и од комисиите во рамките на Фудбалската федерација на Македонија, а промената на името официјално е констатирана и од Централниот регистар.

Пехчево свој фудбалски клуб има од 1975 година кога беше формиран првиот тим од страна на Димитар Пилешков. Од тогаш, повеќе од 45 години е дел од фудбалските натпреварувања на Македонија, за да убедливо најголемите успеси ги доживее како ФК Кит Го, по што сега под старот име ФК Пехчево го продолжува континуитет на ФК Кит Го.