Убедлива победа против Детонит јуниор на првиот меч под водство на Варадиновски

ФК Пехчево славеше убедлива победа од 3-0 на првиот подготвителен натпревар под водство и на новиот шеф на стручен штаб, Иван Варадиновски.

Нашиот тим доминираше на теренот на игралиштето во Бело Брдо во Штип низ сите 90 минути. Водството од 1-0 го донесе капитенот Бошко Ступиќ , а потоа следеа уште два гола во второто полувреме.

Најпрво Михаил Димитриевски во 51. минута зголеми на 2-0, а потоа и Дарко Михајлов во 82. минута стрелаше за конечни 3-0.

ФК Пехчево настапи во следниот состав: Стојан Богдановски, Михаил Димитриевски, Дарко Николовски, Даниел Иванов, Леон Цуцковски, Емир Мустафа, Александар Алексовски, Јонуз Рушту, Марио Рунтев, Бошко Ступиќ и Димитар Димитриевски.