Четири млади фудбалери први засилувања за пролетниот дел од сезоната

Подготвувајќи се за пролетниот дел од шампионатот, ФК Пехчево ги донесе првите нови четири имиња.

Нови фудбалери во составот на Иван Варадиновски се Емир Мустафа како и браќата Димитриј и Михаел Димитриевски кои доаѓаат од ФК Њустарс од Скопје, еден од најпрепознатливите македонски клубови за работа со млади таленти.

Ново засилување е и Даниел Иванов кој пристигна од редовите на Слога Виница.