Максимални тренинг-активности во очекување на стартот на пролетната сезона (ФОТО)

Фудбалерите на ФК Пехчево продолжуваат со активните тренинзи низ подготовките за пролетниот дел од шампионатот во Втората лига - Исток.

Максимално активно се темпира формата на фудбалерите, паралелно и преку пријателските натпревари кои се показател за моменталната ситуација од техничко-тактички аспект.



Утре избраниците на Иван Варадиновски треба да одиграат уште еден тест-дуел против Каменица Саса во Кочани.