Триумф над Саса во „генералката“ пред стартот на пролетниот дел од сезоната

Фудбалерите на Пехчево во доминантна игра славеа триумф од 2-0 против Каменица Саса во „генералката“ пред стартот на натпреварите од Втората лига - Исток.

На тест дуелот кој се одигра во Кочани, составот на Иван Варадиновски сосема заслужено триумфираше со головите на Зоран Андонов и Јонуз Рушту. 

Триумфот можеше да биде и далеку поубедлив но останаа неискористени уште неколку убави можности на Рушту, Димитриевски и Ступиќ.

Шефот на стручниот штаб Иван Варадиновски натпреварот го почна во следниот состав: Богдановски, Николов, Бошевски, Иванов, Николовски, Мустафа, Цуцковски, Рушту, Андонов, Димитриевски и Ступиќ. Во второто полувреме играа и Петровски, Алексов, Рунтев, Бајрамов и Мирчевски.