Со четири засилувања Пехчево во пролетниот дел од Втората лига - Исток

ФК Пехчево пролетниот дел од шампионатот ќе го очекува со четири засилувања.

Нови фудбалери во составот на Иван Варадиновски се голманот Кире Петровски, Даниел Иванов кој пристигна од редовите на Слога Виница, потоа Емир Мустафа како и Михаел Димитриевски кој доаѓа од ФК Њустарс од Скопје, еден од најпрепознатливите македонски клубови за работа со млади таленти.

Во тимот за пролетната полусезона ќе бидат и Кире Трпчевски, Зоран Андонов и Анџело Николовски, додека офанзивецот Љупче Кудев по позајмицата изминатава есен се враќа во редовите на Брегалница.

Од клубот си заминаа голманот Мартин Давков, како и дефанзивците Оливер Христов и Михаел Милевски.