Пораз во последните минути на гостувањето против Слога Виница

Фудбалерите на Пехчево запишаа минимален пораз од 2-1 на гостувањето против лидерот Слога во Виница на стартот од пролетниот дел од шампионатот.

Во максимално израмнето издание на дуелот во Виница, избраниците на Иван Варадиновски воопшто не заслужија пораз на денешниот дуел, но пресуди среќниот погодок на домашните на десет минути пред крајот на мечот.

Натпреварот почна со иницијатива на домашните кои го отворија резултатот преку Јордановски во 30. минута. Во продолжението комплетната иницијатива ја презедоа нашите фудбалери кои доминираа на теренот во финишот на првото и почетокот на второто полувреме.

Откако не беа реализирани неколку одлични можносто, во 60. минута капитенот Бошко Ступиќ погоди за израмнување на 1-1. И по израмнувањето Пехчево ја имаше отворената контрола на топката, но домашните во 79. минута со голот на Иванов стигнаа до победата.

Во следното, 17. коло, екипата на Пехчево на домашен терен го пречекува Осогово.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (16. коло)
СЛОГА ВИНИЦА - ПЕХЧЕВО 2-1 (1-0)

Градски стадион во Виница. Стрелци: Јордановски 30', Иванов 79' (С) - Ступиќ 60' (П)