Минимален пораз со гол од пенал и од Осогово

Фудбалерите на Пехчево запишаа минимален пораз од 0-1 против Осогово во 17. коло од Втората лига - Исток, на дуелот кој се одигра на Градскиот стадион во Штип.

Во максимално рамноправен натпревар во кој имаше можности и на двете страни, на крајот пресуди еден момент и погодокот од пенал на фудбалерите на Осогово.

Манов го погоди најпрво дирекот, за веднаш потоа во 67. минута по игра со рака во домашниот шеснаесетник, токму капитенот на Осогово да погоди за водство од 1-0 со удар од белата точка, кој се покажа и како конечен резултат.

Во следното, 18. коло, од второлигашката конкуренција фудбалерите на Пехчево гостуваат на Тим Локомотива во Градско.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (17. коло)
ПЕХЧЕВО - ОСОГОВО 0-1 (0-0)

Градски стадион во Штип. Стрелец: Манов 67' (О).