Максимална подготовка за утрешниот меч со Локомотива, Варадиновски верува во својот тим (ФОТО)

По двата минимални порази на стартот од пролетниот дел од сезоната, фудбалерите на Пехчево посакуваат триумф на утрешниот натпревар со Локомотива во Градско.

Шефот на стручниот штаб Иван Варадиновски е задоволен од играта на двата дуели, но вели дека затаила реализацијата што на крај донело и порази во пресметките со Слога Виница и Осогово.

„Имавме два незгодни порази во кои дефинитивно заслуживме повеќе. Имавме игра, шанси, но реализацијата ни беше послаба страна. Се надевам дека веќе на следниот натпревар ќе ги подобриме слабостите демонстрирани на претходните натпревари и ќе се издигнеме од оваа ситуација. Имам целосна доверба во екипата и на утрешниот натпревар со Локомотива во Градско очекува да им се вратиме на победите“ - вели Варадиновски.

Натпреварот меѓу Локомотива и Пехчево во Градско од 18. коло во Втората лига - Исток се игра утре со почеток од 14 часот.