Повторно минимален пораз од Слога во Виница

Фудбалерите на Пехчево повторно доживеаја минимален пораз на гостувањето против Слога Виница на стартот од третиот круг во шампионатот од Втората лига - Исток.

Во крајно израмнет натпревар, домашните успеаја да дојдат до голот во 74. минута преку Божидар Митровски кој на крај значеше и три бода.

Тимот на Слога Виница играше во вториот дел и со играч помалку, по исклучувањето на Андреј Коцевски во 40. минута, но сепак успеа да дојде до гол за три бода.

Во следното коло, кое ќе се игра на 20. март (недела), Пехчево ќе гостува на Осогово во Кочани.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (19. коло)
Слога Виница - ПЕХЧЕВО 1-0 (0-0)

Градски стадион во Виница. Стрелец: Митровски 74' (С).