Без победник на гостувањето против Осогово во Кочани

Фудбалерите на Пехчево ремизираа (1-1) на гостувањето против Осогово во Кочани во 20. коло од Втората лига - Исток.

Во главно израмнет натпревар, избраниците на Иван Варадиновски беа поблиску до предноста уште во првото полувреме, но останаа нереализирани шансите на Андонов и на Ступиќ.

Во вториот дел прв до предност доаѓа нашиот тим откако во 65. минута во домашниот шеснаесетник од страна на Митревски беше соборен Андонов. Сигурен реализатор на ударот од белата точка беше капитенот Ступиќ.

По ова водство на Пехчево, домаќините поагресивно тргнуваа во обидот за израмнување кое следеше во 75. минута преку капитенот на осогово, Тоше Манов.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (20. коло)
ОСОГОВО - ПЕХЧЕВО 1-1 (0-0)

Градски стадион во Кочани. Стрелци: Манов 75' (О) - Ступиќ 65'(п) (П)