Варадиновски: Против Победа во Прилеп со сите сили да останеме непоразени

Фудбалерите на Пехчево одиграа одличен натпревар против Братство 07 триумфирајќи убедливо со 3-1, во меч кој беше решен уште во првото полувреме со трите погодоци на избраниците на Иван Варадиновски во првите 45 минути.

Варадиновски секако е задоволен од изданието против Братство кој имаше посебно значење за Пехчево.

„Натпреварот со Братство беше од исклучителна важност за нас. Уште во првиот момент на средбата јасно покажавме дека силно ја посакуваме победата, која ни беше неопходна во битката за опстанок. Математички сега на две кола до крајот неопходна ни е само уште една победа за да ја избориме целта за оваа сезона - опстанокот во лигата“ - вели Варадиновски, истакнувајќи дека и на престојниот натпревар со Победа во Прилеп ќе се бараат бодови.

„Победа е голем фаворит, но ние ќе се обидеме со сите сили да останеме непоразени. Знам дека секој поединец ќе го даде максимумот за квалитетно издание и можност да се извлечат бодови“ - истакнува Варадиновски.

Натпреварот меѓу Победа и Пехчево во Прилеп се игра во сабота (7. мај) со почеток од 17 часот.