Поразот од Беласица на стартот од новата сезона во Втората лига - Исток веќе е зад фудбалерите на Кит Го кои ги очекува уште еден дерби натпревар во 2. коло, овој пат в недела против Кожуф пред своите навивачи во Пехчево.
Влатко Илиоски од Прилеп е делегиран за главен делител на правдата на натпреварот од 2. коло во Втората лига - Исток меѓу Кит Го и Кожуф кој се игра на 1. септември со почеток од 16:30 часот во Пехчево.
Левокрилниот дефанзивец на Кит Го, Анџело Николовски доби повик од селекторот Горан Станиќ за настап во македонската репрезентација до 19 години.
Фудбалерите на Кит Го со пораз од 3-0 на гостувањето против Беласица во Струмица ја почнаа новата сезона во Втората лига - Исток.
Кит Го новата сезона во Втората лига - Исток ја отвора денеска од 17 часот со гостувањето против Беласица на стадионот „Младост“ во Струмица.
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.